САД запленија 2,3 милиони долари во криптовалути од хакери

Соединетите Американски Држави заплениле 2,3 милиони долари во криптовалути од хакери, најголем дел од откупот што го платила компанијата Colonial Pipeline, сопственикот на најголемиот нафтовод во САД, по кибер нападот во мај.

-Истражителите пронашле и заплениле 63,7 биткоини, сега вредни 2,3 милиони долари, враќајќи поголем дел од откупот, рече заменик-јавниот обвинител Лиза Монако.

Станува збор за откуп што Colonial Pipeline им го платиле во мај на хакерите кои го нападнаа нивниот систем и го затворија гасоводот, што доведе до огромен недостиг на бензин на источниот брег на САД.

Во истрагата, ФБИ добиле приватен пасворд за пристап до сметката на биткоини каде што отишол најголемиот дел од платениот откуп, но не е јасно како ФБИ добила пристап до тој пасворд. Судот во Сан Франциско одобрил заплена на средствата.

Хакерскиот напад го извршила сајбер криминалната група DarkSide со седиште во Русија, соопшти ФБИ. Colonial Pipeline им платиле на хакерите приближно 5 милиони долари крипто валута за да добијат пристап до својата мрежа по нападот, а во меѓувреме вредноста на биткоинот се намалила на 34.000 долари во последните неколку недели.

 

08.06.2021 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа