САД спремни за војна: Ако нападне Иран веднаш испраќаме 120.000 војници

На состанок на главните советници за безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, бил изготвен воен план кој предвидува испраќање до 120.000 американски војници на Блискиот исток доколку Иран ги нападне силите на САД.

На состанок на главните советници за безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, кој бил одржан минатиот четврток, вршителот на должност министер за одбрана Патрик Шенахан претставил воен план кој предвидува испраќање до 120.000 американски војници на Блискиот исток доколку Иран ги нападне силите на САД или ја забрза работата на создавање нуклеарно оружје.

Ова синоќа го објави „Њујорк Тајмс“ повикувајќи се на неименувани функционери во администрацијата на Трамп.

Се наведува дека ревизијата на планот ја наредиле припадниците на тврдата линија во претседателската администрација, на чело со Џон Болтон, советникот на Трамп за национална безбедност.

„Тие не повикуваат на копнена инвазија на Иран, за која би било потребно значително повеќе војници“, рекле функционерите за американскиот весник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега