САД одобри нова помош за Украина: Зеленски ќе добие 400 милиони долари

 

Соединетите Американски Држави одобрија дополнителна воена помош од 400 милиони долари за Украина, која ќе вклучува оружје, муниција и опрема за воздушна одбрана, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Артилериската муниција, ракетите за противвоздушна одбрана и тактичките возила што ги испраќаме најдобро ќе ѝ служат на Украина на бојното поле, рече Блинкен, пренесе Ројтерс.

Претседателот Џозеф Бајден изјави дека очекува американската помош за Украина да продолжи без прекин, и покрај скептицизмот на републиканците.

Администрацијата на Бајден досега има обезбедено воена помош од 19,7 милијарди долари за Украина, потсетува британската агенција.

24.11.2022 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега