САД ја надмина Кина по бројот на заразени

Со 13.700 нови случаи на коронавирусот, Соединетите Американски Држави ја престигнаа Кина со вкупниот број на заболени од речиси 82.000 луѓе.

Според американските медиуми, во САД од вирусот денеска умреле 150 луѓе, а од почетокот на епидемијата вкупно 1.173.

Повеќе од 25 американски држави воведоа нови рестрикции во борбата против вирусот.

Пензионираните лекари и болничари повторно се враќаат во служба како волонтери, додека некои болници предупредуваат дека немаат ги немаат потребните апарати за сите пациенти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега