САД истражува дали вакцината „Џонсон и Џонсон е безбедна отако почина една жена

Центрите за контрола и превенција на болести на САД испитуваат смрт на жена од Орегон и хоспитализација на друга жена во Тексас откако примиле вакцина против „Ковид-19“ од „Џонсон и Џонсон“, соопштија здравствените власти.

Советниците од овие центри треба да се состанат денеска за да разговараат дали е безбедно да се продолжи со употребата на вакцината „Џонсон и Џонсон“, која се дава во единечна доза, додека високите здравствени службеници се подготвуваат да дадат зелено светло на вакцината.

„Важно е да се запамети дека само затоа што нешто е пријавено, не мора да значи дека е предизвикано или поврзано со вакцината“, рече Имелда Гарсија од здравствената агенција во Тексас.

Жена од Орегон, на околу 50-тина години, примила вакцина од „Џонсон и Џонсон“ пред да биде паузирана употребата на вакцината, соопшти државниот здравствен орган. Таа развила редок, но тежок тромб во рок од две недели по вакцинирањето, забележан во комбинација со многу ниски тромбоцити, соопшти Здравствената управа во Орегон, додавајќи дека истрагата сè уште е во тек.

Една жена од Тексас, која примила иста вакцина, била хоспитализирана поради слични симптоми како и шест лица во САД, кои неодамна формирале згрутчување на крвта, изјави портпаролот на здравствената агенција во Тексас. Двете држави потврдија дека новите случаи се одделени од претходните шест.

Американските здравствени агенции минатата недела препорачаа да се прекине употребата на вакцината „Џонсон и Џонсон“ поради шест ретки случаи на згрутчување на крвта меѓу приближно седум милиони луѓе кои ја примиле оваа вакцина. Европската агенција за лекови во вторникот соопшти дека постои можна врска помеѓу вакцината на „Џонсон и Џонсон“ и ретките згрутчувања на крвта кај возрасните кои примиле вакцина во САД, но додаде дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2021 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега