Русковска за „софтверот на Рашковски“: Истражителите се во постојан контакт со лицата кои треба да ги обезбедат документите

Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вели дека истражителите од обвинителството се во постојан контакт со лицата кои треба да ги обезбедат документите во врска со случајот со набавката на софтверот од генералниот секретаријат на Владата во време на Драги Рашковски.

„Не можам да ви кажам повеќе од она што го имавме во соопштението затоа што се отвори предмет и ги извадивме сите јавно достапни информации. Се напишаа повеќе наредби, истражители од Основното јавно обвинителство за гонење се во постојан контакт со лицата кои треба да ни ги обезбедат документите кои ги бараме и откако ќе ја обезбедиме, ќе се види документацијата и ќе видиме кои чекори ќе се преземаат“, изјави Русковска во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2021 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега