Русковска за настаните на 27. април: Обвинетите не се мали деца да ги манипулираат

Не мислам дека главни осмислувачи и организатори на настаните во Собранието од  27 април 2017 година се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука. Според мои сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски. Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи како сведок на прашање од Судот во однос на конститутивната седница во Собранието од 27 април 2017 година.

Обвинителката што го води случајот, Вилма Русковска по сведочењето на премиерот Зоран Заев кој рече дека главен организатор на овој упад бил поранешниот премиер, Никола Груевски, а сега обвинетите биле изманипулирани. Таа вели дека нема да го повелече обвинението по овој исказ.

-Апсолутно не се сложувам дека биле изманипулирани, обвинетите не се малолетни лица за да може било кој да ги изманипулира, особено што долги години беа на едни од највисоките функции во државата.

Јас искрено се надевам дека судот ќе ги цени како материјалните докази предложени од обвинитлеството и одбраната и изјавите на сведоците и дека ќе донесе правилна и законита одлука, рече Русковска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега