Русковска за „Монструм“: Се направи голема грешка што се укина случајот

Обвинителката Вилма Русковска денеска на „Утрински брифинг“ коментираше и за случајот за петкратното убиство кај Смилковското езеро за кој денеска ќе има пресуда.

Таа смета дека е направена голема грешка што предметот „Монструм“ се укина, односно што беше вратен на повторно судење.

„Предмет како и секој друг предмет. Се направи голема грешка што истиот се укина. Како што разговарав со колешката Фетаи, ниту еден нов доказ не се изнесе од она што беше на претходното судење“, рече Русковска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега