Русковска за Јанева: Да не се прави реално шоу од ова

Немаше да барам притвор да немав доволно докази. Ова вчера пред новинарите насобрани пред кривичен го изјави Вилма Русковска откако и определи 30. дневен притвор на Катица Јанева и ја прати во Шутка.

- Не се смени ништо од вчера, сметав дека треба да и се даде шанса на колешката. Предметот е многу експониран во јавноста и сакав да слушнам што сака да каже, но да немав доволно докази не би барала притвор. Ако имав докази за некој друг и тој ќе беше во притвор, рече таа барајќи да не се прави реално шоу од настанот.

Околу четири часа траеше распитот на Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески. Се дискутирално исклучиво за мерката притвор.

Таа веќе е во притвор откако вчера ја спроведоа со полициско комбе во затворот во Шутка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега