Русковска по одлуката за Јанева: Со вакви судии нема во ЕУ, финансиска истрага за нив

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на Апелационите судии да ја пуштат поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева во куќен притвор, најави дека ќе спроведе финансиска истрага за нив, јави А1.он.

-„Решението за Јанева не сме го добиле. Но, ние дадовме негативно мислење. За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор, ќе отвориме финансиска истрага. Со вакви судии нема место во ЕУ“, рече Русковска за „А1он“.

јанева вечерва беше спроведена од затворот Шутка во домашен притвор, а не го покажа лицето, не одговори ниту на едно новинарско прашање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега