Русковска: Двете аудио снимки на Антонио Милошоски се дадени на вештачење

 

Двете снимки што ги донесе Милошоски се дадени на вештачење и го чекаме наодот од тие вештачења, рече обинителката Вилма Русковска по вчерашните обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски дека и по 48 часа по предавањето на снимките нема никаква реакција од Русковска.

„Го замолив Милошоски, доколку може, да обезбеди и сведоци кои би го поткрепиле тоа што е на снимката, и на едната и на другата“, рече денеска Русковска, откако Милошоски предаде две аудио снимки кои наводно покажуваат дека експремиерот Зоран Заев одамна знаел за начинот на кој се финансира 1ТВ на Бојан Јовановски и дека се мешал во работата на Врховниот суд.

Таа го оцени како многу невкусно користењето на нејзиното име од страна на Мицкоски.

„Мислам дека е многу невкусно лични имиња да се користат во предизборна кампања. Доколку кој било има замерка на моето постапување тоа треба да го пријави. Ако нема доверба во јавниот обвинител на Република Македонија, тогаш до Советот на јавните обвинители, рече таа по излегување од судот денеска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега