Рускоска влезе во Владата – се собира документација за набавката на софтверот

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција почнало да ја собира докоментацијата од генералниот секретаријат на Владата и другите институции и фирмата Инвока-груп за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што ја направил поранешниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

-Потпишав повеќе наредби за да се собере документацијата и од Владата и од други институции. Вчера беше оформен предметот, рано е да се каже дали и кое кривично дело е во прашање, изјавила обвинителката Вилма Русковска за ТВ 24.

Рашковски пак во нова изјава ја кани ВМРО-ДПМНЕ преку поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, на дуел.

-Правните дилеми треба да оставиме да ги решаваат оние кои за тоа се задолжени: полиција, обвинителство, суд. Политичката дебата ако може и да се нарече дебата која се отвори може да се разјасни преку политички дуели. Ќе заврши мојот, ако после сѐ може да се нарече одмор, па нека повели ВМРО-ДПМНЕ преку оној кој ме повика, поранешниот министер Наќе Чулев, да дојде и да дебатираме. Не само за ова. За сè што до сега ме обвинуваа, изјавил Рашковски за Канал 5.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2021 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега