Рускоска обвини дека хуманитарната организација на Боки 13 работела со лаги

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска останува обвинителка во случајот „Меѓународен сојуз“. Барањето за нејзино изземање пред стартот на минатото рочиште го поднесе Фросина Ременски, а потоа во судница кон него се приклучи и Бојан Јовановски-Боки 13.

Русковска во уводниот збор рече дека ОЈО ќе докаже дека обвинетите свесно ги сториле делата за кои се обвинети, пренесува „Слободен печат“.

– Да формираш хуманитарна организација и да лажеш дека зад неа стои европска хуманитарна организација е дело на еден девијантент ум – рече Русковска.

Таа додаде дека сите обвинети кои се во судница во измамата имале своја улога. Рече дека на измамените им било ветено дека ќе им биде обезбедено државно земјиште за изградба на објекти, а

Фросина Ременски со давање совети и упатства го советувала Јовановски на средбите со оштетените.

Прочитајте и...  Растот на инфекциите со коронавирусот ги турка цените на нафтата надолу

Во своја одбрана, сите обвинети рекоа дека разбираат за што ќе им се суди и дека не се чувствуваат виновни за што се обвинети.

Според Русковска, оштетениот Силјан Мицевски уплатил 719.905 евра, пари кои му биле предадени на Боки 13, а оштетениот Амзоски пак уплатил 233.821 евра кои исто така завршиле кај Бојан Јовановски.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега