Рускоска: Нема судии и обвинители под истрага за корупција

Ниту последниот случај кога јавно беше објавена снимка на која се гледа како една вработена во судот зема пари во кеш, ниту сомневањата за корупција во судството не се доволни за да биде покрената постапка или истрага. Шефицата на обвинтиелството за гонење на организиран криминал и корупција Рускоска вели дека засега немаат докази против некој колега или судија, пренесува Канал 5.

За последните одлуки на судиите и обвинителите прозивка упати и министерот за внатрешни Спасовски. Тој вели дека нема да има правда во општеството се додека сите елементи од системот не бидат на нивото на задачата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега