Рускоска: Ќе размислиме дали ќе побараме затворски притвор

Обвинителката Вилма Рускоска на прес конференција истакна дека ќе размислат дали за Сашо Мијалков ќе се побара затворски притвор,

 

„Ќе размислиме дали да побараме затворски притвор. Цел ден беше бурен. Со колегите што го застапуваат ќе одлучиме, но сепак олеснителна околност е што сам се пријави“, истакна Рускоска.

Таа посочи дека при разговор со неговиот адвокат било констатирано дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението.

„Јас не се видов со Мијалков, така да не знам како делува, дали делува болен или не. Единствено се видов со едниот адвокат негов, при разговор со него заклучивме дека направил грешка што не се појави два дена и што не му е врачено решението. Не знам каде бил“, вели Рускоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега