Рускоска: И други бизнисмени пријавиле рекет од осомничените

Засега нема нови моменти во истрагата за случајот „Рекет“. Јавното обвинителство има сознанија и за други случаи на уцени но не може да изнесуваме детали. Ова за Дојче Веле го изјавува јавната обвинителката за организиран криминал, Вилма Рускоска.

- „Имам сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите“, изјави Вилма Русковска утрово за Дојче веле.

Русковска потврди дека тие бизнисмени тврделе дека биле уценувани од истите лица кои се осомничени во „Рекет".

За потсетување, во случајот за изнуда на пари 30. дневен притвор добија Бојан Јовановски познат како Боки 13 и бизнисменот Зоран Милевски познат како Кичеец.

При претрес кај нив полицијата заплени брендирана и скапа облека, накит, очила, чанти, како и компјутери, оружје и муниција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега