Рускоска до новинарите: Прашајте ја судијката зошто јавноста беше исклучена од рочиштето на „Рекет“

Судечкиот совет , при советувањето донесе одлука јавноста да биде исклучена од рочиштето за „Рекет“ бидејќи по наводи од обвинителството во снимките кои се прегледуваа денеска, може да им се наруши угледот на лицата кои не се инволвирани во ова обвинение, а се споменуваат.

Рускоска по завршувањето на рочиштето ги избегна медиумите, а на прашање на новинарите зошто јавноста била исклучена наспроти нејзината вчерашна изјава дека ќе бидат присутни, таа во одење рече „Прашајте си ја судијката Васка Николовска-Масевска“, пренесува Локално

Адвокатите на обвинетите пак, тврдат дека во снимките немало нешто со што би бил нарушен нечиј углед, освен за една аудио снимка, за која и адвокатката на второобвинетата Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, рече дека смета дека само за таа би требало да биде исклучена јавноста.

Рочиштето за „Рекет“ продолжува во четврток во 10:00 часот со искази на сведоци од одбраната.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега