Рускоска: Барањата на одбраната за „27 април“ се во насока на одлагање на постапката

 

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на „27 април“, изјави дека одбраната сама признала дека сите докази им се дадени во пишана форма, освен податоците од мобилните оператори за листата на дојдовни и појдовни повици.

– Лично сметам дека ова е само во насока на одложување на постапката, изјави Русковска по завршувањто на денешното рочиште.

Таа посочи дека одбраната со последните дополнителни поднесоци имаа побарано да им се прифатат по околу 300 сведоци од обвинет, додавајќи оти смета дека Судот не треба да ги прифати, без при тоа да се наруши правото на одбрана.

Адвокатот на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, Јордан Апостолски по завршување на денешното рочиште изјави дека бараат да се дознае вистината за неговиот клиент.

– Нема никакви докази дека има било каква вмешаност. Сметаме дека обвинението е на стаклени нозе со цел само да се оцрни клиентот, изјави Апостолски.

Според него, Обвинителството не направи напори да се дознаат вистинските сторители.

Тој ги негираше тврдењата на Русковска дека бранителите предложиле по околу 300 сведоци од обвинет, посочувајќи дека за неговиот клиент се предложени десетина сведоци. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа