Руските пранкстери со нова жртва: Го убедија гувернерот на Алјаска дека Русија ќе си ја врати назад

Руските пранкстери Вован и Лексус успеаа да го убедат гувернерот на Алјаска, Мајк Данливиј, дека Русија има намера да го анектира тој полуостров, односно да си го врати назад.

Пранкстерите Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, на американскиот политичар му се претставиле како поранешниот украински премиер Владимир Гројсман. Исто така, му се јавувале и како украинскиот амбасадор во САД, Валериј Чалиј.

За време на разговорот успеале да го убедат гувернерот дека Москва и Вашингтон “спроведуваат кампања” во која се вклучил и популарниот рапер 50 Сент. Тој, наводно, пеел песни во кои бара Алјаска да се припои на Русија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа