Руските научници не застануваат: Прават уште една вакцина и два лека за превенција од коронавирусот

Научниот истражувачки центар Гамалеја, креаторот на првата вакцина против коронавирусот во светот, ќе направи нова вакцина против ковид-19 и два лека за превенција и лекување на оваа заразна болест, пишува рускиот портал РБК.

Како што се наведува, Министерството за здравство на Русија ќе одвои соодветни средства на центарот Гамалеј за развој на нова вакцина и лекови против короната. Документот е објавен на порталот Госрашоди.

Од текстот произлегува дека новата вакцина ќе се прави врз основа на честички слични на вируси, пренесува Спутник.

Според порталот, Центарот Гамалеја планира да лансира лек против корона базиран на синтетички инхибитор на неонуклеотиди на коронавирусната протеаза во периодот од 2021 до 2023 година, додека лекот што го блокира рецепторот на АЦЕ2, кои помагаатвирусот да навлезе во ќелиите, треба да се појави во 2022 година.

 

Се претпоставува дека лекот може да се користи и за превенција и за третман на коронавирус.

Институтот за научно истражување Гамалеја, во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, ја направија вакцината Спутник V, која на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2021 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа