Рускиот министер за здравство: Вакцината ќе биде доброволна, многумина веќе се заинтересирани

Вакцината против коронавирусот во Русија ќе биде доброволна, но луѓето веќе почнале да покажуват голем интерес.

Тоа го изнавил рускиот министерот за здравство, Михаил Мурашко, кога гостувал на ТВ каналот „Русија1“, пренесува агенцијата „TAS S“.

Мурашко рекол дека клиничките испитувања кои ги развил центарот „Гамалеј“ се во завршна фаза, додека „Вектор“ добиле дозвола за клиничко испитување на вакцината на волонтери.

„Овие два кандидати за пронаоѓање вакцина се на чекор до обезбедување безбедност во нашата земја“, додал министерот.

Во Русија се потврдени 806.720 случаи на коронавирус, а досега закрепнале речиси 598.000 заболени. Починале 13.192 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа