Рускиот амбасадор во САД: Некои во Кремљ се подготвени да се откажат од борбата

 

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов најави раскол во Кремљ поради војната во Украина.

Говорејќи на руската државна телевизија, а во контекст на неуспехот на руската армија да постигне значителен нов напредок во Донбас, Антонов рече дека Америка тајно му дава на Кремљ услови за преговори за прекин на борбите.

Тој истакна дека некои во Кремљ биле подготвени да се откажат од борбата, да ги повлечат војниците, па дури и да се „покаат“, но исто така нагласи дека тој не е меѓу оние кои се подготвени да капитулираат.

„ Американците не туркаат на преговори, но со прифаќање на одредени услови. Би набројал три. Прво, да се запре воената акција како дел од специјална воена операција. Второ, да се вратат нашите војници таму каде што беа пред 24 февруари. Третото е да се покаеме за сето она што го направивме“, рече рускиот амбасадор во САД.

Антонов додал: „ Се разбира, зборуваме цврсто и јасно, и во тоа сме недвосмислено сигурни – барем руските дипломати кои работат овде – нема да има таква капитулација. Никогаш“.

Антонов го нарече Владимир Путин „врховен командант“ и со тоа јасно стави до знаење дека воената стратегија доаѓа од самиот врв на Кремљ. Рускиот амбасадор тврди дека руските дипломати се соочуваат со закани за физичко насилство и дека американските разузнавачки агенции се обидуваат да воспостават приватен контакт со пратениците.

Тој повтори дека конфликтот со Западот кој ја вооружува Украина може да предизвика нуклеарна војна. „ Денешната ситуација е многу, многу опасна, САД се подлабоко и подлабоко во конфликтот со најнепредвидливи последици за односите меѓу двете нуклеарни сили“, додаде Антонов.

16.05.2022 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа