Руски војник призна дека убил цивил - му се заканува доживотен затвор

 

Рускиот војник на кој му се суди за воени злосторства во Украина се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил.

Вадим Шишимарин е обвинет дека убил невооружен 62-годишен цивил и му се заканува доживотен затвор.

Како што беше претходно објавено, станува збор за 21-годишен војник од тенковската дивизија „Кантемировскаја“ од Московската Област.

Според обвинението, војникот во обид да им побегне на украинските војници од украден автомобил застрелал 62-годишен маж на велосипед, кој зборувал на мобилен телефон.

Обвинителите велат дека би можеле да следат повеќе судења откако ќе се идентификуваат илјадници потенцијални злосторства извршени од руските сили.

Москва негираше дека нејзините војници гаѓале цивили.

18.05.2022 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега