Руски ученик го искасапил целото семејство за да не ја гледаат неговата смрт

Рускиот ученик Тимур Кималетдинов (16) направил масакр во својата семејна куќа и ја убил својата мајка, баба и дедо и близнаците братот и сестрата (4). Тој злосторството го направил пред да се самоубие, затоа што знаел дека тие ќе бидат тажни кога тој ќе биде мртов.

Тимур со секира го извршил крвавиот пир, а причината е наводно бидејќи неговата мајка поголемиот дел од времето го минувала со близнаците кои биле мали.

Откако ја ликвидирал целата фамилија, тинејџерот си го одзел животот со скок од телефонски предавател.

Во писмото кое го оставил на кујнската маса рекол дека „го сака своето семејство, посебно баба му Лидија (69) и дедо му Виктор (66) и дека е штета што ќе ги убие“. Во текстот навел дека го извршил убиството, затоа што не сакал двојката да биде „тажна“ заради неговата и смртта на своите блиски роднини.

Ученикот двајцата „најсакани“ ги убил во кревет, а потоа на својот пријател Евгениј му оставил гласовна порака велејќи дека било лесно да ги убие.

Комшиите пронашле пет осакатени тела со „длабоки убодни рани од секира“, откако станало сомнително тоа што бабата и дедото не излегуваат во својот двор како и вообичаено во недела наутро во руското село Патрикево.

Момчето редовно победувало на академските натпреварувања за одлични ученици во својот регион. Комшиите го опишале Тимур како „гордост на семејството“ заради сите негови успеси.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега