Руски олигарх: Путин е смртно болен

Веќе извесно време се шпекулира за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин, а такви шпекулации има сè повеќе откако тој нареди инвазија на Украина.

Порталот New Lines сега објави дека дошол до аудиоснимка од олигарх близок до Кремљ кој вели дека Путин е тешко болен и дека има рак на крвта, иако не го прецизира типот на карцином од кој наводно страда рускиот претседател.

Олигарх тврди дека за тоа бил испратен строго доверлив документ до седиштето на руската безбедносна и разузнавачка агенција ФСБ (наследникот на советската КГБ), исто како и до сите регионални директори на ФСБ.

Кристо Грозев, истражувач во Bellingcat, реномирана страница за форензика и разузнавачка анализа, рече: „Документот им наредува на регионалните директори да не веруваат во гласините за здравјето на претседателот“.

„Добиле инструкции да дејствуваат против сите такви гласини кои би можеле да се прошират по локалните одделенија на ФСБ. Според извор од една од регионалните единици, кој го видел документот, таквата наредба без преседан имала спротивен ефект бидејќи сега повеќето функционери на ФСБ веруваат дека Путин навистина боледува од тешка болест“, нагласува Грозев.

New Lines ги наведува и неодамнешните опсервации на промените во физичкиот изглед на Владимир Путин – од начинот на кој тој оди до изгледот на неговото лице, кое е отечено, што може да значи дека зема лекови.

Ешли Гросман, професор по ендокринологија на Оксфорд, изјави за New Lines изјави: „Путин отсекогаш изгледал дека е во форма. Но, во последните неколку години лицето и вратот му изгледаат многу подебели. Тој изглед е компатибилен со употреба на стероиди“.

Си-ен-ен потсетува дека таквите тврдења засега не можат да се проверат, а тоа го наведува и New Lines, со нагласување дека тоа може да значи дека оние во Русија кои сакаат да го соборат Путин од власт шират такви гласини за да ги убедат истомислениците дека Путин е ранлив.

13.05.2022 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега