Бројот на жртви од денешниот руски воздушен напад врз западноукраинскиот град Тернопол се искачи на 25 загинати, пренесуваат украинските медиуми повикувајќи се на службите за итни случаи.
„Во Тернопол, 25 лица, меѓу кои три деца, беа убиени како резултат на руското гранатирање на градот, додека 73 лица, меѓу кои 15 деца, беа повредени. Четиринаесет психолози од Државната служба за вонредни ситуации од различни региони на Украина работат во близина на оштетената зграда и веќе им пружиле помош на 150 лица“, објави службата на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Спасувачките операции продолжуваат без прекин.
„Вклучени се повеќе од 160 спасувачи, вклучувајќи специјалисти за работа на големи надморски височини, кучиња, специјални сили ‘Делта’, како и 45 екипи на Државната служба за вонредни ситуации, вклучувајќи роботски системи. Деиничарите ја проверуваат областа“, додава службата.
Рано утрово руските сили го нападнаа Тернопол и околните области со дронови и ракети. Погодени беа два станбени блока, а материјалната штета е значителна.

