Руски епидемиолог: Омикрон ќе го снема до 1 март

Смртноста од омикрон е пет до десет пати помала од другите соеви, изјави денеска директорот на рускиот Универзитет за медицинска паразитологија, тропски и заразни болести „Сеченов“, Александар Лукашев.

„Точно, тој е помалку смртоносен. Тешко е да се каже точната бројка, но грубо кажано, проценуваме дека е пет до десет пати помалку смртоносен од другите соеви“, изјавил тој за ТВ каналот „Русија-24“.

Според најновите статистички податоци на рускиот кризен штаб, уделот на делта сојот меѓу новите случаи паднал на 52,3 отсто во однос на 56,3 отсто претходниот ден, додека уделот на омикрон се искачил на 47,7 отсто, пренесе ТАСС.

Лукашев смета дека поблагиот тек на болеста се должи на помалата репродукција на вирусот во белите дробови, односно поголемата репродукција во горниот дел на респираторниот систем.

Тој додаде дека очекува, со оглед на развојот на омикронот, се` да биде завршено до 1 март.

„Целата приказна со омикрон ќе биде завршена на 1 март. Се развива многу брзо, па на сето тоа ќе гледаме како на историја“, додаде Лукашев.

 

21.01.2022 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега