Руски експерт ги разби сите митови: Откри дали во вакцините има компоненти за чипирање луѓе

„Руската вакцина против Ковид 19 „Спутњик V“ не содржи компоненти кои се користат за микрочипирање на луѓе“, изјавил директорот на Инситутот за трансплантациона медицина и биотехнологија на универзитетот „Сечин“ Вадим Тарасов.

Според него, технологијата за воведување на чипови низ вакцина во моментов не постои.

„Секако, нема никакво чипирање, ништо слично не е направено“, навел тој и додал дека тоа во основа не е возможно, затоа што како дел од создавање на вакцината ништо така слично не постои.

„Вакцината не е ништо повеќе туку вакцина, која е направена на познатата платформа, од познати елементи, кои не можат да чипираат“, наслагил Тарасов и додал дека таа само може да пружи заштита од Ковид 19.

На конференцијата, Тарасов разбил уште еден мит врзан за вакцината против Ковид 19 наведувајќи дека „Спутњик V“ не содржи генетски модифицирани елементи, кои обично се нарекуваат ГМО, туку содржи компоненти кои ги скротуваатантигените присутни во Ковид 19.

Научник потсетил дека проучувањето на структурата на вирусот било неопходно за да се разбере кои антигени предизвикуваат имун одговор и за да се репродуцираат во вакцината.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега