Руската вакцина Спутник стигна во Србија- испорачани 40.000 дози од планираните два милиони

Во Србија денеска пристигна првата количина од вкупно два милиони дози на руска вакцина кои се очекува да бидат доставени во февруари и март.

 40.000 дози руска вакцина Спутник V пристигна утрово во Србија - 20.000 дози од првата и 20.000 дози од втората компонента на вакцината, изјави министерот за иновации Ненад Поповиќ.

Поповиќ рече дека други количини, од вкупно два милиони дози на руска вакцина, се очекува да бидат доставени во текот на февруари и март.

 

Тој исто така изјави дека доаѓањето на руски експерти во Србија се очекува на 11 февруари, кои со српски експерти ќе разговараат за тоа што е можно побрзо да се започне со производство на руски вакцини во Србија

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 07:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа