Руската вакцина против коронавирусот е прилично евтина: Цената допрва ќе паѓа

Иако не стивнуваат реакциите околу руската вакцина против коронавирусот, сепак Русија ја официјализираше и примени на доброволци. Сигурно сите ги интересира дали оваа вакцина е скапа?

Одоворот е не!

Цената на руската вакцина на меѓународниот пазар ќе биде најмалку 10 долари за две дози, изјави претседавачкиот одбор на компанијата која ја произведува, R-Pharm, Алексеј Репик.

„Според нашите проценки, цената ќе биде најмалку 10 долари за две дози, за пазарот на извоз“ изјави тој за телевизискиот канал, Russia-24, и наведе дека првите серии од вакцината веројатно ќе бидат скапи.

Вакцината ќе стане поевтина која нејзиното производство ќе го достигне доволниот индустриски обем, изјави Репик. Руската вакцина се вика Sputnjik V.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега