Руската новинарка кој се спротивстави на инвазијата фати „магла“ од домашен притвор

 

Руската новинарка Марина Овсјаникова (44) која протестираше против нападот на Украина во директен пренос денеска потврди дека побегна од домашен притвор, каде што заврши поради наводно ширење на лажни вести.

„Се сметам себеси за целосно невина и бидејќи нашата земја одбива да ги почитува нејзините закони, одбивам да ја почитувам забраната што ми беше наметната на 30 септември 2022 година и се ослободувам од неа“ – напиша таа на нејзиниот канал на Телеграм.

Нејзиниот адвокат рече дека новинарката требало да се појави на сослушувањето во 10 часот по московско време и дека моментално не се знае каде се наоѓа.

Во август, Овсјаникова беше осудена на два месеци домашен притвор за протестот во јули, каде што стоеше до Кремљ со плакат на кој рускиот претседател Владимир Путин го нарекува убиец, а неговите војници фашисти.

Таа се соочува со затворска казна до десет години за ширење лажни вести за руските вооружени сили.

Нејзиниот домашен притвор требаше да трае до 9 октомври, но државниот медиум „Раша тудеј“ во саботата објави дека таа побегнала со својата ќерка (11) и не се знае каде се наоѓаат.

05.10.2022 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа