Руската пошта објави дека ја прекинува копнената достава на поштенски пратки во пет земји, меѓу кои балтичките држави, Словенија и Хрватска, соопшти поштата на својата веб-страница.
Доставата со авион во овие земји продолжува, но, како што изјави прес-службата за Тас, не е познато кога повторно ќе биде воспоставена копнената достава.
Странскиот партнерски превозник ја известил Руската пошта дека ќе ги пренесува пратките во овие земји само со авион.
Исто така, Руската пошта го продолжи приемот на меѓународни поштенски пратки за Република Конго, Сомалија и Чад.

