Русите сакаат да бидат господари на океанот: Погледнете како изгледаат двете нови моќни подморници (ВИДЕО)

 

Руското министерство за одбрана објавило снимка од најновите стратешки подморници на руската морнарица - "Кнез Владимир" и "Казањ".

Тие ќе станат дел од руската флота до крајот на 2019-та година. 

"Кнез Владимир" и "Казањ" ќе ја одредат насоката на развој на руската флота подморници, а ќе се зголеми одбранбениот потенцијал на земјата и ќе се засили позицијата на Русија во светските океани, тврди Министерството.

"Кнез Владимир" е водечка подморница од петтата генерација "Бореј 2", а опремена со балистички ракети.

"Казањ", која припаѓа на класата "Јасен", може да нурне на длабочина од 520 метри и таму да остане до 100 дена, додека максималната брзина која ја достигнува е 31 јазол.

Инаку, до крајот на 2019-та година ќе бидат направени седум боеви бродови, вклучувајќи три нуклеарни и една дизел-подморница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2019 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега