Русите го претставија оружјето на иднината- Американците во паника се надеваат дека такво нешто не постои (видео)

 

 

Американците тврдат дека Русите блефираат кога зборуваат за воведување на тешки беспилотни летала "Охотник" во својата војска.

Од друга страна русите се убедени дека во 2020 ќе биде готов првиот примерок.

Интернет-страницата наведува дека "Охотник" ќе биде направен по технологија што ќе обезбеди мала радарска рефлексивност-видливост и дека ќе ги носи своите оружје (бомби и ракети) во внатрешноста на борбени резервоари, како и кај класичните ловци 5. генерации. беспилотниот апарат ќе биде направен од композитни материјали.

Потсетуваме дека руската информативна куќа "Интерфакс" истакна дека рускиот тежок ударен дрон "Охотник" е во завршна фаза на испитувањето, и дека следната година се очекува неговиот прв лет, а од првите децении први примери се очекувани во руската армија.

Неговите карактеристики не се откриени досега. Според некои основни податоци кои успејаа да се најдат во јавноста, основната конструктивна база за изработка на овој авион е шема на т.н. "летечки крила".

Ќе има брзина од 1000 км на час додека неговиот максиламел домет ќе изнесува 3500 км. Ќе може да се искачи на висина од 10.500 метра и со помош на прецизно оружје ќе има можност да ги уништува непријателските цели.

Буџетот за изградба на ова летало изнесува 1,6 милијарди рубљи (или околу 26 милиони долари)

 

 

 

12.07.2018 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега