Две лица загинаа, а осум се повредени, меѓу кои и деветмесечно бебе, во денешниот руски напад врз Харков, објави шефот на Харковскиот регион Олег Синегубов.
Синегубов рече дека руските сили го бомбардирале автопатот во Харков, објави УНИАН.
Тој истакна дека во нападот се оштетени десетици станбени згради и приватни куќи, а дека се запалени автомобили.
Ноќта помеѓу четврток и петок, руската војска започна масовен напад врз енергетската и пристанишната инфраструктура на Украина, оштетувајќи неколку бродови, вклучувајќи и странски.

