Русите го гранатираат Херсон: „Ова е жестока одмазда“

 

Жителите на неодамна ослободениот стратешки важен град Херсон во јужна Украина беа принудени да бегаат поради силното руско гранатирање од другата страна на Днепар.

Кристина Бердински, украинска новинарка, рече дека нејзините роднини избегале од Херсон по „насилното гранатирање“ на градот минатата ноќ и утринава.

„Москва им се одмаздува на Херсон и на неговите жители, кои не ја прифатија окупацијата“.

Попладнево пристигнаа нови информации за руското гранатирање на ослободениот Херсон.

Гувернерот објави дека пациентите се евакуираат од болниците во градот поради руското гранатирање.

„Поради континуираното руско гранатирање, ги евакуираме пациентите од болниците во Херсон“, објави Јарослав Јанушевич на својот телеграм-канал.

Тој додаде дека децата од регионалната клиничка болница ќе бидат префрлени во Николаев, а 100 пациенти од регионалната психијатриска болница во Херсон ќе бидат префрлени во Одеса.

25.11.2022 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа