Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија започна со сериско производство на ракетниот систем со среден дострел „Орешник“.
– „Создадовме, пуштивме во употреба и започнавме со масовно производство на ракетниот систем со среден дострел ‘Орешник’“, рече Путин за време на церемонијата на доделување награди на производителите на „Посејдон“ и „Буревестник“.
Балистичката ракета „Орешник“, опремена со ненуклеарна хиперсонична боева глава, беше успешно тестирана во борбени услови за прв пат на 21 ноември 2024 година.
Путин нагласи дека бојното тестирање се спроведува како одговор на „агресивните дејствија на земјите од НАТО против Русија, поточно на употребата на американско и британско оружје со долг дострел од страна на украинските вооружени сили“.
– „Производството на ‘Буревестник’ и ‘Посејдон’ има историско значење за целиот 21 век за рускиот народ и е важно за безбедноста и стратешкиот паритет во наредните децении“, додаде Путин.
Тој истакна дека „извиднички брод на НАТО постојано беше во зоната за време на тестот на ‘Буревестник’ на 21 октомври“.

