Русија забрани влез за кинески државјани поради коронавирусот

 

Русија од 20 февруари ќе го забрани влезот на кинески државјани на своја територија, соопштија руските власти задолжени за превенција од коронавирусот.

Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша декрет со кој се забранува влез на кинески државјани во Русија.

Забраната за влез ќе биде привремена.

Кинеските државјани нема да можат да влезат во Русија ниту за да работат, ниту како туристи, ниту од образовни или приватни цели.

Оваа мерка претставува досега најостра мерка која е преземена поради ширењето на коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега