Русија за повлекувањето на САД од Договорот за отворено небо: Очекуваат сојузниците да ги попречваат руските авиони и да им испраќаат фотографии

Руското Министерство за надворешни работи денес, во контекст на повлекувањето на Соединетите држави од Договорот за отворено небо, објави дека ќе побара цврсти гаранции од преостанатите потписници на тој акт за целосно придржување кон нивните обврски.

„Сега кога се повлекоа од Договорот за отворено небо, Соединетите држави очекуваат нивните сојузници да ги попречат руските извидувачки летови над американските воени бази во Европа од една страна, а од друга, да ги споделат со Вашингтон фотографиите и информациите собрани во извидничките мисии над руската територија. „Се разбира, ова е неприфатливо за Русија“, се вели во соопштението.

„Бараме цврсти гаранции од преостанатите потписници на тој акт за целосно исполнување на нивните обврски. Прво, да овозможиме нивна територија да се следи и второ, податоците собрани за време на нивните мисии да не бидат предадени на трети земји кои не се потписнички на Договорот за отворено небо. се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија, јави ТАСС.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2020 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега