Русија тврди: Украина гранитираше и болница, загина една цивилка

Жена загина во украинско гранитирање на Русија

Една жена загина при гранитирањето на Шебекин, Русија изјави тамошниот гувернер Гјачеслав Владков.

„Во гранатирањето на Шебекин загина една цивилка. При ударот се здобила со повреда на главата. Лекарите дале сѐ од себе да ѝ помогнат, но жената починала во Брзата помош“, изјавил Гладков.

Гладков тврди дека украинската армија денеска ја гранатирала и болницата. Во објектот нема повредени, иако е оштетена зградата на болницата. „Проектилите ја оштетиле фасадата и искршиле неколку стакла, а во близина е оштетена и цевка за гас“, вели гувернерот.

 

Претходно денеска Гладков сподели слики од фортификациски линии кои се градат на границата со Украина. Тој изјави дека властите во регионот на Белгород „се подготвуваат за секакви сценарија“. Гувернерот не сакал да даде повеќе информации и објаснил дека „противникот може да следи информации од отворени извори“.

 

22.11.2022 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа