Русија: Се предадоа повеќе од 250 Украинци (ВИДЕО)

 

Потпретседателката на украинската влада Ирина Верешчук објави дека Украина работи на „понатамошни фази“ на евакуација на борците кои ја бранат фабриката за челик Азовстал во јужниот град Мариупол.

Во својата објава на Телеграм, Верешук не даде никакви дополнителни информации.

Повеќе од 50 ранети војници вчера беа пренесени од Азовстал во градот Новоазовск кој е под руска контрола, а повеќе од 210 други беа однесени во Оленивка, град во областа под контрола на проруските сепаратисти.

Русите велат дека повеќе од 250 Украинци се предале

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека повеќе од 250 украински борци од Азовстал се предале.

„Во последните 24 часа, 265 милитанти го положија оружјето и се предадоа, вклучувајќи 51 тешко ранет“, соопшти Министерството.

Министерството за одбрана соопшти дека оние на кои им е потребна медицинска помош се испратени во болница во Новоазовск, град во источна Украина.

Украинската војска во вторникот соопшти дека работи на евакуација на сите преостанати војници од нивното последно упориште во опколеното пристаниште Мариупол, предавајќи ја контролата врз градот на Русија по неколкумесечно бомбардирање.

17.05.2022 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега