Русија: Мачка во затвор шверцувала мобилни телефони

Во северниот крај на Русија во еден затвор, чуварите успеале да фатат мачка која што им била главен снабдувач на затворениците на мобилни телефони и полначи за истите. Мачката била уловена во петокот вечерта, во моментот додека се обидувала да се прекачи преку оградата на работниот логор. На себе со леплива лента на грбот и биле прицврстени два мобилни телефони, батерии и полначи.Од мачката била поставена и фотографија на интернет страницата на Управата на затворот. 

- И претходно се обидуваа да прошверцуваат забранети предмети во затворот, но овој случај со мачката е единствен. Ништо слично никогаш не е забележано во историјата на затворот, се наведува во соопштението на затворот.

најчитано сега