Русија испрати 11 воени авиони со медицинска опрема во Србија

Русија  испрати 11 воени авиони со медицинска опрема како помош за Србија со цел да и помогне во справувањето со последиците од коронавирусот.

Помошта се состои од 8 лекари,  и медицински персонал, како и помош во респиратори, медикаменти и други дезинфекциони средства

Руското министерство за одбрана соопшти дека помошта е договорена за време на неодамнешниот  разговор меѓу претседателите Путин и Вучиќ на кој рускиот претседател ветил дека ќе им помогне на граѓаните на Србија што поефикасно да го сузбијат коронавирусот.

Русија во која, во моментов се регистрирани 3500 инфицирани од Ковид -19 до сега упати помош во медицинска опрема во двете најпогодени држави во светот од панедмијата – Италија и во САД.

Токму руската помош на САД ги разбранува опонентите на актуелниот претседател Доналд Трамп кој прифаќајки ја помошта од Русија беше критикуван дека покажал непотребна слабост.

Белата куќа пак ги демантираше тврдењата дека се работи за помош, соопштувајки дека медицинската опрема не е бесплатана и дека во наредниот период е договорено и САД да и упати помош на Москва со опрема која е дефицитарна во Русија

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега