Русија го прекина извозот на струја за Финска

Рускиот извоз на електрична енергија за Финска денеска е прекинат, наведе финскиот мрежен оператор „Фингрид“.

Минатата недела, руското комунално претпријатие „Интер РАО“ најави дека ќе го запре извозот во Финска, со образложение дека земјата од 6 мај не плаќала за електрична енергија што се продава преку паневропската берза Nord Pool.

Испораките на руска електрична енергија за Финска паднаа од 87 мегавати на нула, покажуваат податоците на мрежниот оператор „Фингрид“, соопштувајќи дека компанијата може да го замени руското снабдување со шведска електрична енергија и да го зголеми домашното производство.

Се додава дека прекинот на рускиот извоз се должи на ограничувањата на плаќањата што ги наметнаа западните земји.

„Поради овие ограничувања, руската струја веќе не може да се плаќа. Затоа, суспензијата е повеќе последица отколку руска контрамерка“, се наведува во соопштението.

Околу 10 отсто од потребната струја доаѓа во Финска од Русија. Не е јасно дали потегот на Русија е поврзан со пристапот на Финска во НАТО.

Финскиот претседател Саули Ниинисто вчера потврди дека неговата земја официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО.

Зборувајќи со претседателот во Хелсинки, финската премиерка Сана Марин рече дека се надева оти парламентот ќе ја потврди одлуката за аплицирање за влез во НАТО во следните неколку дена.

Финскиот претседател Саули Ниинисто вчера потврди дека неговата земја официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО.

Премиерка на Финска, Сана Марин, пак, рече дека се надева оти во наредните неколку дена финскиот парламент ќе ја потврди одлуката за аплицирање за членство во НАТО.

16.05.2022 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега