Русија го повикала НАТО да ги измерат воените сили: 90 земји добиле повик од Шојгу за Меѓународните воени игри

Шојгу нагласил дека вежбите треба да бидат одржани во периодот од 23-ти август до 5-ти септември.

Министерството за одбрана на Русија повикало 90 земји, вклучувајќи и припадници на НАТО, да учествуваат на Меѓународните воени игри во 2020-та година, рекол министерот Сергеј Шојгу на состанокот на Организациониот одбор на едно од најголемите спортски натпреварувања. 

Нагласил дека вежбите треба да бидат одржани во периодот од 23-ти август до 5-ти септември.

„Покани се пратени до 90 земји, вклучувајќи и земји на Северноатлантскиот пакт", рекол Шојгу.

Според неговите зборови, во тие игри минатите пет години учествувале повеќе од 20.000 војници од 40 земји, пренесува "TASS".

Шојгу додал дека во 2020-та години очекува 250 тимови со вкупно 6.000 луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега