Русија ги укина содржините со ЛГБТ пропаганда

 

Федералната служба за надзор на комуникациите, информатичките технологии и медиумите на Русија блокираше и отстрани од повеќе од 5.500 веб-страници со ЛГБТ пропаганда насочена кон малолетници, изјави денеска заменик-директорот на таа служба, Вадим Суботин.

„ Федералната служба за надзор на комуникациите, информатичките технологии и медиумите досега блокираше и отстрани повеќе од 5.500 веб-страници, содржини со ЛГБТ пропаганда наменета за малолетници. Овие содржини беа блокирани врз основа на судски одлуки со кои се забранува ширење на такви информации – рече Суботин на седницата на Комитетот за информатичка политика, информатичка технологија и комуникации на Државната дума, пренесува ТАС С.

На 27 октомври руската Дума едногласно усвои предлог-закон со кој се забранува пропаганда на нетрадиционални сексуални односи во Русија, вклучително и во медиумите, на Интернет, во книгите и во филмовите.

Документот предвидува забрана за пропаганда на нетрадиционални сексуални односи, педофилија и ширење на ЛГБТ информации.

21.11.2022 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега