„Рударите“ тријат раце: Рекордно висока вредност на Биткоин

Вредноста на биткоинот првпат во историјата надмина 20.000 долари, објави агенцијата Блумберг.

Најголемата светска криптовалута денеска се зголеми за седум отсто и достигна вредност од 20.787 долари.

Оваа година вредноста на биткоинот речиси тројно се зголеми.

Биткоинот ќе го дочека крајот на годинава со најголема вредност досега. Но, на почетокот на 2020 година тоа не изгледаше така. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена се намали за повеќе од 50 проценти – на само 4.895 американски долари. По кратка фаза на закрепнување, вредноста долго време се движеше близу границата од 10.000 долари, до пред неколку недели. Минатиот месец вредноста на криптовалутата беше околу 16.000 американски долари. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега