„Ручекот оди на мое име“ - гозба од Трамп за лидерите чии земји издвојуваат 2 отсто за одбраната

Американскиот претседател Доналд Трамп приредил денеска ручек за лидерите на земјите членки на НАТО, кои одвојуваат два отсто БДП за одбрана.

Ручекот за таканаречените „2 отсто“, како Трамп ги нарекува, е приреден за 9 од 29 лидери земјо членки на НАТО алијансата, пренесува АП.

„Ручекот е на мое име“, рекол Трамп на лидерите на САД, Велика Британија, Бугарија, Естонија, Грција, Летонија, Полска, Литванија и Романија.

Како што е наведено, со овој потег Трамп сакал да ги казни другите членки на НАТО другите членки на кои не одвојуваат толку на одбрана.

Инаку Трамп претходно денеска ги откажал сите конференции за новинари затоа што порано вечерва се враќа во Вашинготн.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега