Розево езеро кое изгледа како глазура за торти- феномен кој ни научниците не можат да го објаснат

Првиот запис за розевото езеро во Мидл во западна Австралија датира од 1802 година. 

 

Британскиот хидрограф, Метју Флиндерс на тоа место се закотвил на патот за Сиднеј. 

Во 19 век островот го населувале ловци на китови и фоки, а во 20 век на езерото е направена солана која набрзо е напуштена. 

И денес не се знае зошто езерото Хилер има таква розева боја. 

Во 1950 година научници истражувале зошто бојата е розева, но немало алги кои обично даваат боја на водата. 

Се смета дека има бактерија која ја дава розевата боја. 

За разлика од други езера, Хилер ја задржува бојата во текот на целата година, па дури и ако водата се стави во чаша. 

Езерото е опколено со еукалиптуси и билки, и е долго 600 метри. 

Ова езеро е атракција за туристи кои сакаат да пловат по него. 

Хилер се користи за истражувачки цели и капењето во него не е честа појава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега