Рот: Немаме План Б – многу работи се ставени на коцка

 

Државниот министер задолжен за Европа во рамките на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Михаил Рот гостуваше во 1 ТВ каде зборуваше за претстојниот референдум.

„Искрено да ви кажам, немаме План Б. Тоа да се случи би било многу големо назадување. Сакам јасно да нагласам дека многу работи се случија минатите недели, имаме покана за започнување на пристапни преговори со НАТО, а нашите грчки пријатели во Советот на министри во ЕУ многу јасно и многу уверливо се заложија за македонските интереси, нешто што јас никогаш до сега не сум го слушнал. Сите мора да знаат дека многу работи се ставени на коцка и доколку не успее, работите не може да бидат како досега“, вели државниот министер задолжен за Европа во рамките на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Михаил Рот.

 

 

 

 

16.09.2018 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега